Вчера претпладне на граничниот премин Ќафасан, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 44 годишниот К.А. од Албанија.
При редовната гранична контрола било утврдено дека против него била распишана потерница по барање на Интерпол – Скопје. Веднаш по потврдата, тој бил приведен и предаден на полициски службеници од ОВР Струга за понатамошна постапка.
Само неколку часа подоцна, на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при влез во државата, бил уапсен и 48 годишниот Ј.С.В. од Кина.
При извршената гранична контрола било констатирано дека тој приложил фалсификувана патна исправа, по што веднаш бил лишен од слобода.
„Кинескиот државјанин е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за натамошна истрага“, информираа од МВР.






