понеделник, 4 мај 2026

Ливерпул со пресврт до победа над Њукасл, Челси киксна против Евертон (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Њукасл имаше одличен влез на мечот на Енфилд, со гол на Џонџо Шелви поведе уште во седмата минута од натпреварот.
 
Но предноста на гостите не траеше многу долго, во 21. минута Жота изедначи на 1-1, а само четири минути подоцна Салах погоди за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.
 
Точка на мечот стави Трент Александер Арнолд со прекрасен гол во 87. минута од натпреварот.
 
Челси има пад во формата, фудбалерите на Тухел одиграа само 1-1 против Евертон на Стемфорд Бриџ.
 
Челси поведе со гол на Маунт во 70. минута, тогаш конечно го скршија отпорот на Евертон, но не го сочуваа водството.
 
Во 74. минута Брентвајт даде гол за израмнување на 1-1, тоа беше и конечниот резултат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ