Роберт Левандовски продолжува да испишува историја, Полјакот вечерва сруши уште еден рекорд на Герд Милер.
Во 87. минута од натпреварот против Волфзбург, напаѓачот ги постави конечните 4-0 и го постигна голот број 43 во Бундеслигата во 2021 година, со што го надмина успехот на Герд Милер, кој постигна 42 погодока во 1972 година.
Роберт Левандовски исто така го изедначи и постигнување на Кристијано Роналдо од 69 погодока во сите натпреварувња во една календарска година.
Рекордот во оваа категорија се чини дека е недостижен за полската гол-машина, Лео Меси во 2012 дури 91 пат ја тресеше мрежата на противниците.






