Барселона не успеа да го задржи Лионел Меси, а едвај ги регистрираше новите засилувања. Клубот е во големи долгови, претходно се потпишуваа огромни договори, па многу од играчите не сакаат да си одат додека не им истечат договорите, а не играат. Такви се Кутињо, Пјаниќ, Умтити, Дембеле…
„Нашите плати претставуваат 103 проценти од вкупниот приход. Тоа е 20-25 проценти повеќе од останатите клубови“, вели Лапорта.
„Првата работа која требаше да ја направиме откако дојдовме е да побараме позајмица од 80 милиони евра бидејќи во спротивно немаше да можеме да ги исплатиме платите. Претходниот режим беше полн со лаги“.
„Најдовме политика на плати во форма на превртена пирамида, ветерани со долги договори и млади фудбалери со кратки договори. Немаше кратење на плати, тоа беше лага“.
„Најдовме нереални плаќања кон посредници кои не се ниту агенти. Барселона има негативна нето вредност од 451 милион евра, а тоа е страшно наследство. Она што се случувало е многу загрижувачко“.
„Никој нема да избега од своите одговорности. Денеска долгот знесува 1,35 милијарди евра. Финансиската ситуација е драматична. Бартомеу во писмото зборува за планирано намалување на платите од 90 милиони евра. Вистината е дека фудбалерите не ни сакале да зборуваат со него“.
Лапорта вели дека тие земале заем од 550 милиони евра со каматна стапкак од 1,1 процент и се обидуваат да го преструктуираат клубот иако тоа ќе потрае некое време.
„Ситуацијата е драматична, но имаме добри вести. Стратегиски план базиран на нашата кредибилност и искуство, оваа ситуација на Барса ќе биде привремена. Мислам дека за неколку години клупската економија ќе биде здрава“.






