недела, 3 мај 2026

Лајпциг назначи тренер кој со тренерска работа почнал да се занимава уште од 23 години

Објавено на

часот

Сподели

Лајпциг потврди дека за нов тренер го назначиле Доменико Тедеско.

Интересно за овој стратег е тоа што нема некоја играчка кариера, тука уште од најмлади години почнал да се занимава со тренерските работи.

Првиот тренерски предизвик го имал на 23 години, кога во 2008 година бил назначен за асистент во младинскиот тим на Штугарт.

Како помошник тренер работи до 28 години, а потоа почнува со самостојна работа. Најпрво во младинските погодни на Штутгарт и Хофенхајм.

Првиот сениорски предизвик го има во 2017 година кога на 8 март стана тренер на Ауе, тим од втората лига. Тој го презема клубот како последен на табелата, но освои 13 бодови од своите први пет натпревари. На крајот сезоната ја заврши на 14. место и го спаси клубот од испаѓање.

Импресивнио старт на самостојната тренерска кариера беше забележан од Шалке кој го ангажираше за тренер од летото таа година. 

Во првата сезона под негово водство, Шалке го освои второто место во Бундеслигата и се пласира во Лигата на шампионите. Беше отпуштен на 14 март 2019 по пораз од 7-0 од Манчестер Сити.

Последниот негов ангажман беше како тренер на Спартак Москва. И покрај тоа што со успех го водеше рускиот тим, реши да не го продолжи договорот и оваа година се врати во Германија за да биде блиску до својата фамилија во време на пандемијата на ковид-19.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ