Иднината на Роналд Куман на Камп Ноу е под голем знак прашалник откако Барселона синоќа доживеа нов шок и пораз од 3-0 на гостувањето кај Бенфика во Лигата на шампиони.
Претседателот Жоан Лапорта до раните утрински часови имал состанок со потпретседателот Рафа Јусте, спортскиот директор Матеу Алемани и сосветникот Енрик Масип, но конечна одлука не е донесен.
Според пишувањата на Кватро, Холанѓанецот ќе го предводи тимот против Атлетико Мадрид во сабота, бордот на Барселона ќе одлучува за промена во понеделник.
Новинарот Фабрицио Романо пак пишува дека Барса е во потрага на нов тренер и планот е Роналд Куман да добие отказ. Целиот борд бил инволвиран во процесот и се разговара со неколку кандидати за наследник на Холанѓанецот.
Весникот Ел Паис вели дека одлуката да му врачат отказ на Роналд Куман ќе ги чини „каталонците“ околу 12 милиони евра, а новинарот Дермот Кориган потсетува дека Барса се уште им должи пари на Ернесто Валверде и Кике Сетиен.






