вторник, 28 април 2026

МФ: Нова транша од 3 милиони евра од буџетот за поддршка на домашните компании

Нова транша од 176,6 милиони денари или приближно 2,9 милиони евра се трансферирани од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

Објавено на

часот

Сподели

Ова е втора транша во оваа година што се пласира кон Развојната банка, а оттаму кон комерцијалните банки преку кои се пласираат средствата кон крајните корисници, компаниите.

Досега во домашната економија вкупно се пласирани 14 милијарди денари или 227,3 милиони евра.

„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт – импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95 отсто годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до три години“, велат од Министерството за финансии.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ