вторник, 28 април 2026

Во Виница комшиска вербална и физичка пресметка под дејство на алкохол

Полициски службеници од ОВР Виница вчера привеле 34-годишен жител на градот по пријава за агресивно однесување и закани кон сосед, при што било утврдено дека бил под дејство на алкохол.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, станува збор за лицето Ј.К.(34), кое било приведено откако претходно било пријавено дека му се заканувало на својот сосед Е.А. При интервенцијата, полицијата констатирала дека кај него имало 1,57 промили алкохол во крвта.

Во меѓувреме, со спротивна пријава во полицијата се јавила и Е.Ш. (43) од Виница, која навела дека таа и нејзиниот сопруг Ј.К. биле физички нападнати од од Е.А.(34) во дворот од нивната семејна куќа.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ