петок, 1 мај 2026

Куман добил отказ во авионот, на Барса нема да ѝ прости ниту едно евро

Објавено на

часот

Сподели

Подолго време се пишуваше дека Роналд Куман ќе добие отказ, неговата иднина со месеци висеше во воздух а Жоан Лапорта конечно повлече потег по поразот од Рајо во средата.

По крајот на натпреварот, претседателот на Барса разговарал со своите соработници и во авионот, на летот од Мадрид кон Барселона, го известил Роналд Куман дека ќе прекине соработката.

Весникот Спорт пренесува дека Холанѓанецот бил тажен и разочаран, сметал дека Жоан Лапорта требал да покаже подобри манири и вестите да ги соопшти утрото, за тој да може да се поздрави со сите играчи и вработените во тренинг центарот.

Новинарот Луис Канут, кој е добар пријател на Роналд Куман, открива дека од стратегот било побарано да се откаже од дел од компензацијата која му следува. Но поради сето она што се случуваше изминатиов период, и третманот на клубот кон него, Холанѓанеот нема намера да се откаже од ниту едно евро и ќе ги бара сите 12 милиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ