По отказот на Оле Гунар Солшер, Мајкл Керик привремено ќе го предводи Манчестер јунајтед додека да се најде решени за до крајот на сезоната.
Во пресрет на дуелот со Виљареал во Лигата на шампиони, Англичанецот попладнево се појави пред новинарите.
Запрашан што тргнало на погрешно, тој рече: „Можеме да зборуваме за еден куп работи, но мислам дека не треба да се навраќаме назад. Секако, на ум ми паѓаат неколку работи кои можеа да бидат извршени подобро и кои работи можеа да се подобрат“.
„Многу е важно сите да се погледнат во огледало, најлесно е причините и грешките да ги барате во други. Како играч постојано го правев ова, се прашував кои работи можат да се подобрат“.
Запрашан дали навивачите можат да очекуваат промени во пристапот и играта, Керик вели: „Ќе треба да почекаме и да видиме. Имав блиска соработка со Оле и двајцата делевме многу слични верувања, но секако дека јас имам свои идеи. Не сакам да откривам многу, но знам како треба да играме и ќе видиме деали ќе можеме да го реализираме тоа на теренот“.






