Челси по потешкиот пат ќе се обиде да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, избраниците на Тухел вечерва кикснаа на гостувањето кај Зенит па нема да бидат помеѓу носителите во ждрепката за осминафинале.
„Сините“ одлично го отворија натпреварот, поведоа во 2. минута со голот на Вернер.
Но пред крајот на првиот дел, Зенит го сврте резултатот во своја корист. Клаудињо изедначи на 1-1, за Азмун во 41. минута да погоди за 2-1.
Во продолжението од мечот следеше нов пресврт, Лукаку изедначи на 2-2 во 62. минута за Вернер во 85. минута да донесе 2-3.
Сепак, длабоко во судиското надополнување, Оздоев постигна прекрасен гол, од врвот на шеснаесетникот закачи полуволеј и биеше неодбранливо под пречката.
На овој гол особено се израдуваа во Торино, каде Јувентус со 1-0 ги совлада Малме, „старата дама“ го освои првото место, и може да се надева на полесен ривал во следната рунда.






