„Каталонците“ се во големи финансиски проблеми поради пандемијата со ковид-19, приходите драстично се намалија, долгот порасна, па Барса беше приморана да донесе болна одлука и да се повлече од преговорите со Лео Меси за продолжување на соработката.
Постоеше ризик новите засилувања да не бидат регистрирани за стартот на новата сезона, но во 5 до 12 помогна Жерард Пике.
Како што пренесува Марка, Барселона успеала да заштети околу 40 милиони евра бруто со заминувањето на Карлес Алења, Жан-Клер Тодибо, Метеус Фернандеш, Жуниор Фирпо, Франсиско Тринкао и Конрад де ла Фуенте.
Сепак од оваа сума, само 25% (околу 10 милиони евра бруто) можат да се употребат за регистрација на нови засилувања, што не било доволно.
Тогаш на сцена стапил Жерард Пике, кој прифатил платата да му се намали за 50%, односно од 38 милиони бруто, на 19 милиони евра брото. Со оглед на тоа дека дефанзивецот е дел од играчите со највисоки примања, правилата дозволуваат дури половина од оваа сума да биде пренаменета за нови засилувања и се заштедени дури 9,5 милиони бруто.
Па Барселона обезбеди помеѓу 19 и 20 милиони евра со кои успеа да ги регистрира Мемфис Депај и Ерик Гарсија, и двајцата да бидат стартери против Реал Сосиедад.






