Јувентус испушти два бода во трката за топ четири пласман, вечерва одигра нерешно против Венеција.
„Старата дама“ поведе во 32. минута, Мората реализираше на асистенција на Пелегрини за 0-1.
Сепак, по десетина минути игра во второто полувреме, Венесија стигна до 1-1 со голот на Араму.
За проблемите на Макс Алегри да бидат поголеми, Пауло Дибала се повреди и мораше да биде повлечен по десетина минути игра. Аргентинецот во продолжението седеше на клупата со преврзано десно колено и во следните денови ќе се знае колку сериозна е повредата.






