По долги преговори, Јувентус и Сасуоло си подале рака за трансфер на Мануел Локатели, ова попладнево го пренесоа голем број на извори.
Фудбалерот од средниот ред ќе пристигне во Торино на двегодишна позајмица, а „старата дама“ ќе има обврска во целост да го купи играчот за 35 милиони евра.
Обврската ќе се активира во 2023 година, а Скај Спорт пишува дека може да биде поврзана со освојување на бодови, односно Јувентус ќе мора да го купи Мануел Локатели кога ќе го освои првиот бод во вториот дел од сезоната 2022/23.
Се очекува Италијанецот наскоро да отпатува во Торино на редовни лекарски прегледи и комплетирање на трансферот.






