Она што се најавуваше подолго време, денеска и официјално е потврдено, Интер попладнево соопшти дека е прекината соработката со Кристијан Ериксен.
Данецот добро ги исплаши сите кога колабираше на теренот на Европското првенство, за среќа брзата интервенција на соиграчите и лекарскиот тим, го вратија во живот фудбалерот.
По овој инцидент, Кристијан Ериксен беше опериран и му беше поставен Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер, уред кој го следи и регулира ритамот на срцето. Сепак, законите во Италија не дозволуваат тој да игра со ваков уред, па беше јасно дека ќе мора да го напушти „Џузепе Меаца“.
По долги шпекулации, разделбата се случи денеска, Интер ќе заштеди на плата, а Кристијан Ериксен ќе добие одврзани раце да си најде нов клуб во јануари. Се говори за враќање во Оденсе или Ајакс, а интерес има и од клубови во Премиерлигата.
Кристијан Ериксен во Интер одигра 60 натпревари и постигна 8 гола. Стана омилен лик кај навивачите со својот прекрасен гол од слободен удар во градското дерби против Милан со кој на Интер му донесе пласман во полуфиналето од Купот на Италија.
Токму овој момент е како еден од најзначајните во видеото кое Интер го објави во чест на Кристијан Ериксен.
?? | CHRIS
ALL THE BEST, @ChrisEriksen8!
The goals, the victories, those Scudetto celebrations with fans outside San Siro – all this will remain forever in Nerazzurri historypic.twitter.com/wCGPGun4Gd
— Inter ??? (@Inter_en) December 17, 2021






