„Росонерите“ ризикуваат да го загубат врвот на табелата откако вечерва одиграа 1-1 во Удине.
Домаќините поведоа со голот на Бето во 17. минута, една грешка на средината отвори контра, напаѓачот на Удинезе одлично се снајде и реализираше за 1-0.
Водството траеше се до 92. минута, кога Златан Ибрахимовиќ во свој стил ја затресе мрежата. Тоа што цел живот вежба таеквондо одново му помогна на фудбалските терени, одлично се снајде и смири една топка, за потоа акробатски да погоди за 1-1.
Нашиот Илија Несторовски не доби шанса вечерва и од клупата за резерви ги следеше случувањата на теренот.






