Синоќа беше објавено дека Николас Отаменди и неговото семејство доживеале хорор откако биле мета на крадци по дуелот помеѓу Фамаликао и Бенфика во неделата навечер.
Како што пренесуваат медиумите од Португалија, се работи за добро организирана група, која точно знаела кога играчот ќе се врати дома, и го пресретнала пред портите на неговата вила.
Напаѓачите му ставиле лисици на рацете, му врзале ремен околу вратот и го натерале да влезе во домот, каде била сопругата и синот, кои биле препрашени од сцената пред нивните очи.
Се говори дека крадците си заминале со плен вреден околу 300.000 евра (накит, часовници и пари). Полицијата се сомнева дека се работи за странци, бидејќи никој не говорел на португалски јазик.
Од таборот на Бенфика го потврдија немилиот настан и побараа да се почитува приватноста на фудбалорт.
„Играчот и неговото семејство се добро и покрај големата непријатност предизвикана од ситуацијата во која се најдоа. Бенфика повикува да се почитува приваноста на играчот и неговото семејство од страна на сите медиуми, додека се чека да заврши истрагата на полицијата“ – гласеше известувањето.






