сабота, 2 мај 2026

Хорор во Аргентина: Навивач од трибините пукал на сред натпревар и го погодил тренерот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Луди сцени од аргентинскиот фудбал, на меч од ниските лиги беше застрелан гостинскиот тренер Маурисио Ромеро. 

Инцидентот се случил на натпреварот помеѓу Уракан де лас Ерас и Феро де Пико. Во 33 минута од второто полувреме, натпреварот бил прекинат поради немири на трибините, а десетина секунди подоцна се слушаат истрели и се гледа како фудбалерите, судиите и сите други лица на теренот бегаат кон соблекувалните. 

Еден од куршумите завршил во Маурисио Ромеро, предвоникот на Феро де Пико, за среќа не се работело за фатална повреда, и тој бил погоден во пределот на рамото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ