Жоан Лапорта оваа недела се сретна со Мино Рајола во Торино, се говори дека двајцата разговарале за неколку фудбалери, најзвучното име е Ерлинг Халанд.
Според пишувањата на Спорт, Ерлинг Халанд е привлечен од идејата да биде главна ѕвезда на Барселона и да го предводи новиот проект со Чави на клупата, но поставил еден услов за „каталонците“ да имат било какви шанси, напаѓачот бара Барса да игра во Лигата на шампиони.
Во моментов, Барселона е осма на табелата, со -5 во однос на екипите од топ 4.






