Како дете, со помош на Самуел Ето, Андре Онана стана дел од школата на Барселона, а потоа се пресели во Ајакс, каде се промовираше во еден од најперспективните голмани во Европа.
Сепак, на почетокот од годината неговата кариера доби неочекуван правец, паднал на допинг тест и доби суспензија од една година, која подоцна беше намалена на 9 месеци.
Минатиот месец, Андре Онана се врати помеѓу стативите и во разговор со Марка сега си ја отвори душата.
„Се вративме од гостување кај Аталанта, одигравме реми (2-2), натпреварот беше прилично напорен. Се вративме во раните утрински часови, и кога се разбудив, ме болеше главата. Станав да се напијам апче кое ми го препиша докторот (Литакол), но мојата сопруга, која неодамна се породи, имаше слични апчиња (Ласимак) и јас по грешка земав од нејзините. Тој ден јаз бев првиот играч кој замина на допонг тест. Еден месец подоцона, ме известија дека сум позитивен. Му кажав на докторот, „Сигурно е грешка, имам направено повеќе од 23 теста во кариерата“. Кога ми кажаа дека сум позитивен на „фуросемид“, ги прашав, „Што е тоа?“. Тогаш мојата сопруга ми откри дека тоа се апчињата што и ги препишал нејзиниот доктор“ – вели Онана.
„УЕФА призна дека сум направил ненамерна грешка, дека апчињата не ги подобруваат перформансите. Но животот и фудбалот не се лесни. Овие грешки се санкционираат, и морав да платам. Учите од грешките, па сакам да ги советувам сите елитни спортисти да внимаваат. Одговорни сте за се што внесувате во вашето тело. Доколку пиете загадена вода, тоа е ваша вина. Тешко е да се прифати ова, но таков е законот и мора да ја одлежите казната“.
„Бев позитивен и покрај тоа што не се допингував. Бев во врвот на мојата кариера. Четири пати бев избран за најдобар голман во Холандија, бев помеѓу најдобрите во светот… Па зошто да земам допинг?“.
„Не можев да тренирам со сертифициран тренер! Морав да се снаоѓам за да преживеам. Имам тим од 17 луѓе за да ми помогнат да останам во топ форма. Не беше лесно, но со помош на Бог, успеав“.
„Неверојатно е како апче од 40 милиграми може да ви ја уништи кариерата, да ви го уништи животот, да остави дамка… Ми беше тешко од психолошки аспехт. Си мислев, „Како да им кажам на родителите дека сум позитивен на допинг тест кога во животот немам запалено цигара, се немам напиено алкохол…“ Направив една глупава грешка, а беа кажани еден куп работи“.






