Андер Ерера синоќа имал непријатно искуство на улиците во Париз, бил ограбен додека со својот автомобил стоел на црвено светло.
Проститутка (според некои извори травестит) влегла во автомобилот и го одзела паричникот и мобилниот телефон на фудбалерот на ПСЖ.
Одредени извори пренесуваат дека Андер Ерера седел мирен бидеји напаѓачот имал предмет во раката и Шпанецот се сомневал дека е некакво оружје па не сакал да ризикува ништо.
Има и информации дека напаѓачот потоа му наредил на Андер Ерера да го превезе до одредена локација, а за возврат ќе му го врати мобилниот телефон.
Се говори дека проститутката си заминала со плен вреден околу 200 евра.






