понеделник, 4 мај 2026

Еден од играчите во спорниот трансфер на Осимен: Никогаш не бев во Лил, Наполи ме искористи како пион

Објавено на

часот

Сподели

Минатиот месец, обвинителството од Торино отвори истрага против Јувентус, постои сомнеж дека со нереални суми на зделките и искажување капитални добивки, се „штелувале“ сметките и балансите.

Но под лупа е работењето на уште неколку клубови, сомнителни се 62 трансфери, а еден од нив е зделката од 80 милиони евра со која Виктор Осимен го засили Наполи.

За Наполи да ги балансира сметките, вметна четворица играчи за кои доби 20 милиони евра, соминително е тоа што тројца фудбалери беа младинци и никогаш не заиграа во Лил.

Еден од нив е Луиџи Лагуори, кој во разговор со Република објасни што се случувало.

„Во јуни месец, Наполи ми се јави и ми рече, „Дојди во Кастел Волтурно (тренинг центарот), мораме да разговараме“. Пристигнав со мојот агент и клубот му понуди две опции: можев да го обновам договорот на една година и да останам, или да бидам дел од трансферот на Осимен, да одам во Лил и да потпишам на три години“ – вели Лагуори.

„Разговарав со агентот и решив да ја одберам втората опција. На 30. јуни потпишав со Лил. Ни когаш не отидов во Лил, ниту за да го потпишам договорот. Ни ги испратија договорите во Неапол, ги потпишав во Кастел Волтурно“.

Лагуори, како и другите двајца млади играчи, потоа беа позајмени во Италија, а следната година им беа раскинати договорите со Лил.

„За жал не знаев што точно се случува. Не ни кажаа дека сакаат да направат капитална добивка. Само ни кажаа, „Лил бара тројца младинци и ние помисливме на вас“. Подоцна дознавме што точно се случи, бевме искористи од Наполи како пиони за да направат капитална добивка“.

Лагуори во моментов настапува во Серија Д, во редовите на Еркалано, неговиот трансфер во Лил, кој во пракса никогаш не се случил, вредел 4 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ