сабота, 2 мај 2026

Два гола на Кореа за три бода на Интер против Удинезе (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот денешен натпревар во Серија А, Интер беше подобар од Удинезе на „Џузепе Меаца“ и славеше со 2-0.

Гостите добро одолеваа на нападите во првото полувреме, Барела се најде во неколку шанси но голманот Силвестри беше на висината на задачата и не дозволи да биде совладан.

Резултатот беше отворен по еден час игра, Перишиќ остави топка за Кореа, кој тргна кон противнилкиот огл, се ослободи од чуварот и ја затресе мрежата за 1-0.

Истиот играч ги реши сите дилиме во 68. минута, Дамфрис продре по десната страна и проигра на 16 метри за Кореа да бие неодбранливо под пречката за 2-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ