Шампионот на Европа имал неуспешен обид да го ангажира Ерлинг Халанд. По најавите дека „сините“ подготвуваат луда понуда од 150 милиони фунти (175 милиони евра), попладнево пристигна информација дека Челси доставил конкретна понуда.
Како што пренесува Скај Германија, Челси на Борусија Дортмунд и понудил да избере еден од Тами Абрахам и Хадсон Одои, плус да добие одредена сума на пари, иако во овој момент нема информација за точната бројка.
„Милионерите“ сепак не биле импресионирани од предлогот и веднаш го одбиле.
Се верува дека Борусија Дортмунд не сака да остане без уште една ѕвезда откако Џејдон Санчо беше продаден на Манчестер јунајтед, дури и по цена да загубат огромна сума на пари. Се верува деак Ерлинг Халанд следното лето може да замине за 75 милиони евра.






