сабота, 23 мај 2026

Динамо Загреб против Црвена звезда во битка за пласман во ЛШ!

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за плеј-оф дуелот за пласман во Лигата на шампионите.
 
Таа донесе можна исклучително атрактивна пресметка за овој регион. Големите ривали од времето на Југославија, Динамо Загреб и Црвена звезда би можеле да играат меѓусебе за пласман во Лигата на шампионите.
 
За тоа да се случи најпрво Динамо треба да ја елиминира Легија, а Црвена звезда да го исфрли молдавски Шериф.
 
Ако се случи тој историски дуел, Црвена звезда би била домаќин на 17 или 18 август, а реваншот би се играл во Загреб седум дена подоцна.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ