По двата порази во италијанската лига од Болоња и Интер, Рома дојде до триумф над Специја.
Ова беше и средба на добрите пријатели Жозе Мурињо и Тиаго Мота.
Резултатот беше отворен уште во 6. минута кога по асистенција од Абрахам, Крис Смолинг реализираше со глава за водство од 1-0.
Вториот гол беше постигнат во 56. минута, а во листата на стрелци се запиша нов дефанзивец, Роџер Ибанез.
До крајот на мечот шанси имаа и Специја и Рома, а и двете екипи по еднаш ја затресоа мрежата, но головите им беа поништени.
Прво Специја реализираше преку Манај, но ВАР го поништи голот поради офсајд.
А во судиското продолжение Афена Џан даде гол, се израдува, но наместо погодок доби втор жолт картон поради игра со рака и беше исклучен од мечот.
Со оваа победа Рома се качи на шестото место пред Јувентус, но во следното коло имаат тешко гостување кај Аталанта во Бергамо.






