четврток, 23 април 2026

Де Лихт: Јас сум виновен, загубивме поради мене

Објавено на

часот

Сподели

Можеби се ќе беше поинаку ако Мален постигнеше гол кога излзе сам пред чешкиот голман, но тоа не се случи, а во следната акција Де Лихт играше со рака и доби директен црвен картон. Потоа Чешка лесно дојде до триумф од 2-0.
 
„Загубивме поради мене, тоа ме прави многу разочаран. Се разбира дека ова е лошо. Го имавме натпреварот под контрола и тогаш топката дојде, ја пуштив да отскокне, што гледано отпосле не беше добра одлука, бев и малку турнат и паднав, по што ја удрив топката со рака. На крајот тој момент го промени натпреварот, не смеев да дозволам тоа да ми се случи. Ги гледав последните минути како тимот страдаше, се обвинував себе си“, вели Де Лихт.
 
„Не мислев дека мечот може да ни се лизне од раце. Го контролиравме, имавме и некои шанси во првото полувреме. Во второто имавме еден на еден со голманот. Црвениот картон потоа ја направи разликата. Чешка е физички силна, ни беше тешко. Беше изедначен натпревар каде црвениот картон ја направи разликата“.
 
„Европското првенство беше златна шанса, и болно е кога сте елиминирани на таков начин“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ