четврток, 23 април 2026

Данска го покажа својот сјај против Русија и се пласира во осминафиналето, Финска ќе чека (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Данците се опоравија по шокот кој ги снајде на почетокот од Европското првенство кога Ериксен се бореше за својот живот. Немилите сцени се зад нив, а со каков квалитет располагаме, почувствува Русија.
 
Отпорот на Русите беше скршен во 38. минута кога Дамсгард постигна гол за водство на Данска од 1-0, а Поулсен во 59. зголеми на 2-0.
 
Ѕјуба од пенал во 70. минута намали на 2-1 и ја врати Русија во игра, но следуваше брз одговор од Данска. Со голови на Кристенсен и Маеле дојдоа до победа од 4-1.

Белгија со автогол на Храдецки и гол на Лукаку со 2-0 ја победи Финска.

Белгија со максималани девет бодови го освои првото место, Данска, Финска и Русија имаат по три бода, но Данците имаат подобра гол разлика и се втори, Финска ќе чека до крај да види дали како третопласирана ќе може да продолжи, а Русија е елиминирана. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ