Само шест месеци по трансферот во Барселона, Кун Агуеро мораше да ги обеси копачките на ѕид, напаѓачот синоќа на емоционална прес-конференција, соопшти дека заминува во пензија.
Кардиологот Роберто Пеидро, кој со години се грижи за здравјето на Аргентинецот, сега откри зошто била донесена одлуката. Кун Агуеро имал мала лузна (помала од милиметар) на срцето која ја предизвикувала аритмијата, односно го зголемува ритамот на срцето.
„Високите перформанси значеа ризик врз неговиот живот, па го советувавме да прекине“ – вели Роберто Пеидро.
„Доколку се работеше за мојот син, ќе му кажев, „Мораш да престанеш, тука е крајот“. Агуеро ја донесе правата одлука. Дали можеше да продолжи да игра? Можеби никогаш повторно нема да му се појави аритмија, но не можеме да бидеме сигурни. Најпаметно е да се пензинира“.
Запрашан дали ковид-19 придонел за проблемите, кардиологот порача: „Нема никаква врска со ковид-19, ниту пак со вакцините за ковид-19. Таа мала лузна на срцето е предизвикана од вирс кој го закачил некогаш во својот живот и до сега не била детектирана“.






