сабота, 2 мај 2026

Челси победи во Малме, Ракип одигра речиси цел меч (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот репрезентативец, Ердал Ракип беше стартер на мечот и во игра остана до 86. минута, кога беше заменет.
 
Челси имаше апсолутна доминација во текот на целиот меч и на крајот заслужено победи. 
 
Единствениот гол го постигна Зијеш во 56. минута од натпреварот.
 
Триумфот можеше да биде и поубедлив, но англискиот тим пропушти неколку убави шанси, пред се преку Хаверц.

Волфсбург ја искористи предноста на домашен терен и победи со 2-1 против Салцбург.
 
Домаќините поведоа со гол на Баку уште во третата минута, гостите израмнија преку Вобер во 30. минута.
 
Победата ја донесе Нмеча по 15 минути игра во второто полувреме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ