Турција е на прагот на елиминација а Велс на чекор кон осминафинале откако вечерва во Баку, „змејовите“ славеа со 2-0.
Во возбудлив натпревар, Арон Ремзи го отвори резултатот во 42. минута. Бејл испрати прецизна долга топка а фудбалерот на Јувентус одлично ја прими на глава и го матираше голманот на Турција за 1-0.
Герет Бејл имаше шанса предвреме да го реши мечот, но се посрамоти од пенал, биеше над голот и пропушти да донесе 2-0 по еден час игра.
Турција се обиде да се врати во игра, избраниците на Ѓунеш креираа неколку шанси а најдобрата ја имаше Јилмаз, но Ворд реагираше одлично и не дозволи да биде совладан.
Во последните мигови, кога беше јасно кој ќе слави, Конор Робертс само ја потврди победата на Велс и реализираше за 2-0 во 95. минута.






