Според „Скај Спортс“, Барселона ќе го понуди Филипе Кутињо како дел од размената за Обамејанг.
Откако го потпиша богатиот договор со Арсенал, Обамејанг се загуби, игра во катастрофална форма и Арсенал веќе размислува за негова продажба.
Барса сака да ангажира уште еден напаѓач поради тоа што не се знае колку Кун Агуеро ќе може да биде фит во текот на целата сезона.
„Скај Италија“ пишува дека Барселона се обидела да го договори и Абрахам, но тој е веќе во Рим каде ги комплетираше медицнските тестови и наскоро ќе го комплетира трансферот во Рома.
Размена меѓу Кутињо и Обамејанг веројатно ќе им одговара на двете страни, но проблематична може да биде големата плата на Бразилецот. Во наредните денови ќе треба да се пеглаат деталите по што ќе се знае дали една ваква размена може да се случи.






