сабота, 2 мај 2026

Барселона го потврди Чави, Лапорта најави три засилувања во јануари

Објавено на

часот

Сподели

Чави е нов тренер на Барса, доцна синоќа, клубот од Камп Ноу потврди дека легендата се враќа. Чави утрово ја напушти Доха и попладнево треба да пристигне во Барса, се очекува неговата промоција да се случи во понеделник. 

Во меѓувреме, Жоан Лапорта најави и пристигнување на нови имиња. 

Претседателот на Барселона на синоќешното дружење со фановите од Галиција открил дека ќе има три засилувања во јануари. 

Едно од нив ќе треба да биде замена за Кун Агуеро, кој поради проблеми со срцето ќе биде надвор од стројот најмалку три месеци. Според пишувањата на АС, веќе е остварен контакт со Седрик Бакамбу, кој ги одработува последните месеци од договорот со Пекинг Гуан и ќе биде слободен играч од 1. јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ