четврток, 23 април 2026

Балардини: Пандев мора да продолжи да игра уште една сезона

Објавено на

часот

Сподели

Балардини и во текот на минатата сезона велеше дека Горан Пандев треба да игра уште една сезона, дури се „закани“ и дека ќе го тепа ако не игра. Тренерот на Џенова си стои на ставот.
 
„Мислам дека Горан мора да продолжи да игра во Калчото, но тој самиот треба да реши. Знаеме кој е Горан, ги има сите карактеристики за уште една успешна сезона“, вели Балардини.
 
Договорот на Пандев со Џенова е истечен, но се верува дека има отворена понуда од клубот да игра уште една сезона доколку одлучи.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ