По поразот од Бенфика во Лига на шампиони, денеска навивачите на Барселона имаа ново разочарување, загубен меч од Атлетико Мадрид.
Но со оглед на сите околности оваа сезона, овој пораз на Барселона беше очекуван. Атлетико Мадрид рутински си ја заврши работата.
Лемар во 23. минута и Луис Суарез во 44. минута ги постигнаа головите за Атлетико Мадрид.
Барселона во моментов е на деветтото место, но има и заостанат натпревар.






