Голема победа на Милан во последниот натпревар од 7. коло во Серија А, избраниците на Пиоли со цел плен си заминаа од гостувањето кај Аталанта.
Калабрија донесе предност од 0-1 по само 28 секунди, а пред крајот на правиот дел, Тонали искористи една грешка на одбраната и зголеми на 0-2.
Рафаел Леао донесе 0-3 во 78. минута, но потоа следеше мало опуштање, Запата од пенал намали на 1-3, а Пашалиќ длабоко во судиското надополнување погоди за 2-3. Сепак немаше време за кам-бек на Аталанта, па Милан се врати на втората позиција на табелата.






