понеделник, 4 мај 2026

Арсенал за прв пат оваа сезона влезе во топ 4 и има позитивна гол разлика (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал врза пет победи на домашен терен во Премиерлигата, избраниците на Артета вечерва славеа во градското дерби против Вест Хем.

Резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Лаказет убаво го проигра Мартинели, кој по земја пласираше за 1-0.

Двасетина минути подоцна, мечот можеше да биде решен, Цоуфал направи пенал и доби втор жолт картон, но Лаказет промаши од белата точка.

Сепак, во финишот од мечот Смит Роу прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 2-0 и ја потврди победата.

Со овој триумф, Арсенал го скокна Вест Хем на табелата и за прв пат оваа сезона влезе во топ четири. „Топчиите“ исто така за прв пат оваа сезона имаат позитивна гол разлика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ