Наместо како капитен да биде пример за другите, Обамејанг пред мечот со Саутемптон отиде да се тетовира во Барселона без да побара дозвола од клубот, пропушти и тренинг.
Артета поради прекршување на дисциплината не го стави во составот за мечот со Саутемптон, а нема да биде дел ниту од дуелот со Вест Хем.
Што е уште поголема казна, клубот му ја зема капитенската лента на Обамејанг.
„По последните прекршувања на дисциплинските правила минатата недела, Пјер Емерик Обамејанг повеќе нема да биде наш капитен, и нема да биде дел од мечот против Вест Хем“, стои во соопштението на Арсенал.
„Очекуваме сите наши фудбалери, вклучително и нашиот капитен, да работат по правилата и стандардите кои ги имаме поставено и за кои сме се договориле“.
Дополнително ќе биде одлучено кој ќе биде прв капитен на Арсенал.






