четврток, 23 април 2026

Алиоски со многу емоции се збогува со Пандев и Ангеловски (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Горан Пандев ѝ стави крај на кариерата во националниот тим, а договорот за селектор на Игор Ангеловски истекува и тој веќе нема да ја води репрезентацијата.
 
Македонската фудбалска репрезентација во изминатиот период функционираше како семејство, па дел од фудбалерите со многу емоции го прифаќаат заминувањето на двајцата клучни луѓе.
 
„Горан Пандев, ти отсекогаш си бил вистинска инспирација за мене и секогаш ќе бидеш. Игор Ангеловски, во овие шест години заедно, ти направи да испишеме историја! Не може да се опише со зборови колку сум ти благодарен“, напиша Алиоски на социјалните мрежи.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ