сабота, 2 мај 2026

Ал Сад има едно барање до Барселона за да го пушти Чави да се врати на Камп Ноу

Објавено на

часот

Сподели

Барса го одбра Чави како наследник на Роналд Куман, се говори дека во следните денови ќе падне договор и младиот стратег на 20. ноември во градското дерби со Еспањол ќе го има својот прв натпревар на клупата на „каталонците“.

Според пишувањата на АС, од таборот на Ал Сад имаат едно барање, односно Жоан Лапорта да пристигне во Катар и лично да преговара со шеикот за Чави да се врати на Камп Ноу.

„Доколку сака да ја затвори „операцијата Чави“ на пријателски начин и без проблеми, мора да дојде во Доха“ – гласела пораката од посредниците кои ги оствариле првите контакти.

„Шеикот сака да разговара со рамноправен на него од Барселона, не сака да преговара со вториот или третиот човек, сака да преговара со Лапорта.

Медиумите од Каталонија претходно пишуваа дека утре или во среда, потпретседателот Рафа Јусте и спортскиот директор Матеу Алемани ќе отпатуваат во Доха, но очигледно Жоан Лапорта ќе мора да најде простор во својот густ распоред и да биде дел од делегацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ