петок, 1 мај 2026

Агуеро својот прв старт во дресот на Барселона ќе го има против Димитриевски

Објавено на

часот

Сподели

По враќањето од повредата, Агуеро настапи на три меча за Барселона, но на сите влегуваше од клупата за резерви. Го постигна и својот прв гол и тоа против Реал Мадрид, а сега е подготвен за првиот старт.

Првиот старт на Агуеро во дресот на Барселона би требало да биде денеска, против тимот на Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано.

Рајо има одличен старт на сезоната, досега собра 16 бодови, има бод повеќе од Барселона, но Каталонците имаат натпревар помалку.

Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Барселона почнува од 19 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ