понеделник, 4 мај 2026

Агуеро се прости со солзи во очите: Ставам крај на фудбалската кариера!

Објавено на

часот

Сподели

Поради проблеми со срцето, Кун Агуеро пред планираното ја завршува кариерата, Аргентинецот на 33-години се збогува со фудбалот.
 
„Моето здравје е на прво место. Медицинскиот тим ми рече дека е најдобро да прекинам со играње, па сега заминувам од Барселона и се пензионирам од фудбалот“, вели Агуеро.
 
„Заминувам со крената глава, среќен сум. Не знам што ме чека во следниот живот. Знам дека има многу луѓе кои ме сакаат и ми посакуваат се најдобро“.
 
„Мојот сон како дете беше да играм во првата лига и никогаш не помислував дека ќе стигнам до Европа. Сакам да им се заблагодарам на Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Барселона. Сите ме третираа многу добро. И јасно до аргентинската репрезентација која ми е љубов“.
 
 
 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ