Како што е наведено, музичката програма ќе трае 11 минути, додека преостанатото време ќе биде искористено за поставување и симнување на сцената, како и за налевање на теренот.
На полувремето ќе настапат големи музички ѕвезди како Мадона, Шакира и Џастин Бибер.
ФИФА, исто така, потврди дека две паузи за освежување остануваат на сила.
Натпреварот ќе се игра во недела во 21 часот во Њујорк.
Ова е вистинска „мала победа“ за фудбалот во борбата против целосната „американизација“ на ова Светско првенство. Да се потсетиме дека паузата во финалето првично беше планирана да трае половина час, по моделот на Супербоулот на НФЛ.
Таа пауза во фудбалот трае 15 минути, но 120 секунди повеќе не би било голема работа.





