Со една година доцнење поради пандемијата на ковид-19, Летните Олимписки игри попладнево беа свечено отворени. На Олимпискиот стадион во Токио, пред празни трибини и само 1.000 ВИП гости, продефилираа спортисти од 205 земји и региони, плус олимпискиот тим на бегалци.
Делегацијата на Македонија како 50-та се појави на дефилето, беше предводена од знаменосците Дејан Георгиевски (таеквондо) и Арбреша Реџепи (џудо).
Македонскиот тим на ЛОИ во Токио брои осум спортисти, а прв на мегданот утре наутро ќе излезе натпреварувачот во стрелаштво Борјан Бранковски, во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.









