Вториот наш олимпиец кој настапи во Токио беше пливачот Филип Деркоски.
Тој се појави во првата квалификациска група составена од четворица пливачи. Деркоски со време од 4:03.34 беше последен.
А беше последен и севкупно во оваа дисциплина освојувајќи 36. место.
Но ова за него беше најдобар личен резултат, го подобри своето време за 76 стотинки и освои 739 фина бодови што е убедливо најдобар резултат меѓу македонските пливачи според ФИНА табелата.







