Лука Дончиќ се повреди на мечот против Оклахома и оттогаш Лејкерс мораа да ја променат играта. Повторно главен беше Леброн Џејмс кој успеа да го однесе тимот до четвртото место кое му носи предност на домашен терен.
Последните информации за Дончиќ се поволни и се очекува тој наскоро да се врати на теренот.
„Се очекува дека и Лука Дончиќ и Остин Ривс да го пропуштат почетокот на првата рунда од плеј-офот. Лука Дончиќ помина една недела во Шпанија каде доби неколку инјекции во таа задна ложа со цел да се залечи побрзо. Ќе биде во САД во вторник и потоа ќе се оцени неговата состојба“, рече новинарот на „ЕСПН“, Шамс Чаранија.
Ситуацијата на Остин Ривс е малку потешка. Се прогнозира дека тој ќе ја пропушти целата прва рунда и на паркетот ќе може да се врати на почетокот од мај.
Плеј-оф дуелот меѓу Лејкерс и Хјустон почнува на 18 април.






