Мусовски доби шанса од клупата на стартот од второто полувреме и веднаш ја искористи. Во 48. минута одлично се снајде во шеснаесетникот и погоди за 2-1, враќајќи ја надежта за пресврт во двомечот против Тигрес.
До крајот на натпреварот домаќините постигнаа уште еден гол и славеа со 3-1, но тоа не беше доволно за продолжување во натпреварувањето. Пресуди првиот дуел кој го загубија со 2-0, па иако вкупниот резултат беше израмнет на 3-3, Тигрес се пласираше понатаму благодарение на правилото за голови на гостински терен.






