Натпреварот не понуди многу возбудувања во првото полувреме, а играта главно се водеше помеѓу двата шеснаесетници без изразени прилики. Сепак, кога се очекуваше пауза без голови, Арсими успеа да го отвори резултатот. Во 44. минута Мухједин Дардишта најдобро се снајде по еден центаршут од левата страна и ја затресе мрежата за водство од 1-0.
Во продолжението Пелистер се обиде да се врати во игра и создаде неколку солидни можности, но реализацијата изостана. Булатовиќ и Петровиќ не успеаја да погодат во клучните моменти, па гостите не најдоа начин да го совладаат противничкиот голман.
Арсими со овој триумф стигна до значајни три бода и се искачи на седмата позиција со 35 бода, додека Пелистер останува во опасната зона, на деветтото место со 26.






