Тој смета дека ако е роб на тенисот тоа му создава одбивност кон спортот, па сака да има поширок поглед, тоа го прави и подобар тенисер.
„Не сакам да станам роб на тенисот, да паднам во монотонијата од која сакам да избегам. Сакам исполнет живот и надвор од теренот. На тој начин ми е полесно и да го дадам својот максимум на него“, вели Алкараз за „Ел Мундо депортиво“.
„Со текот на времето разбираш што ти треба. Имаше моменти кога не застанував, кога не се одвојував од тенисот и потоа не играв добро или се повредив. Знам дека живеам живот од соништата, но понекогаш посакувам да можам да живеам како нормален 22-годишник“.
„Знам дека сè уште имам многу пред мене, но се обидувам да не размислувам за 12 до 15 години од мојата кариера, бидејќи тоа би ме задушило“.






