петок, 24 април 2026

10.000 евра од Видеолотарија за Мирко Лазаревски од скијачкиот клуб Меденица

Објавено на

часот

Сподели

Мирко веќе ги почна подготовките за новата сезона во алпско скијање и ја заврши првата фаза од нив, базичните подготовки на снег, на глечерот Хинтерус во Австрија. Средствата од спонзорството на Видеолотарија касинос Австрија ќе бидат искористени за набавување квалитетна опрема и за помагање на неговото учество на 35 меѓународни натпреварувања во новата сезона.

„Со средствата од ова спонзорство, конечно Мирко ќе може да ги реализира целите кои ги имаме поставено и да се насочи кон уште поголем меѓународен успех“, изјави Бранислав Лазарески, претседател на скијачкиот клуб Меденица.

„Убедени сме дека овие средства ќе завршат на вистинско место и дека ќе се гордееме со резултатите на Мирко и со неговата кариера“, велат од компанијата.

Видеолотарија касинос Австрија ќе продолжи да биде пријател на македонскиот спорт и да помага, како врвни спортисти и екипи (како македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, Кире Лазаров, Игор Стефановски, Едина Муса), така и млади таленти, кои допрва треба да блеснат, соопштија од компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ